Кан: Светот би можел да биде во опасност, ние нема први да нападнеме

Пакистан нема да биде првиот што употребува нуклеарно оружје, рече премиерот Имран Кан, во услови на тензии со Индија, откако Њу Делхи укина специјален статус на дел од Кашмир, под нејзина контрола.

– Двете земји се нуклеарни сили. Ако се зголемат тензиите, светот би можел да биде во опасност, рече Кан пред членовите на верската заедница Сики во Лахор.

Тој истакна дека заканата никогаш нема да дојде од пакистанска страна.

Треба да знаете
Последни објави