Кумановци возат пијани, 11 исклучени од сообраќај

Во текот на изминатата недела (25.08-01.09.2019) на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 88 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 27 возачи (11 возачи кои управувале под дејство на алохол и 16 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило). Од сообраќај се исклучени 20 возила, од кои 14 возила поради тоа што биле нерегистрирани, а шест поради тоа што биле технички неисправни. Санкциониран е еден возач поради поминување на кртосница на црвено светло и двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило. Во текот на минатата недела издадени се 233 мандантни платни налози, 89 прекршочни платни налози, а 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Треба да знаете
Последни објави