Околу 10.000 луѓе го проследија настапот на Пол ван Дајк, еден од предводниците на електронската сцена, кој синоќа создаде неверојатна атмосфера во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.
Посетителите со воодушевување ја слушнаа новата музика од неговиот најнов албум „Music Rescues Me“, но имаа можност да се потсетат и на хитовите што се негов заштитен знак повеќе од две децении.
Пол ван Дајк со неговата непосредност и отвореност кон публиката донесе неверојатна енергија меѓу љубителите на електронската музика. Паркот „Авионче“ синоќа беше место каде се забавуваа сите генерации.
За овој урбан настан беше поставена бина по светски стандарди со врвно озвучување, уникатно осветлување и огромни екрани кои се заштитен знак за настапите на светската икона на електронската музика.
Посебните ефекти, милионите конфети и големиот огномет внесоа уште поголема магија и му дадоа посебен печат на овој голем настан.
Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера.
Особено сме горди што Пол ван Дајк долета директно од Ибица и настапи во срцето на Општина Аеродром.
Тој изјави дека македонската публика е една од неговите омилени и дека секогаш e тукa пречекан во одличен амбиент со многу позитивна енергија од љубителите на електронската музика. Пол ван Дајк беше пријатно изненаден и од професионалноста на организаторот на настанот и на Општина Аеродром по чија покана дојде.
Голема благодарност до медиумскиот покровител Антена 5 радио, како и до сите големи поддржувачи и пријатели на настанот кои помогнаа настанот да блесне со сиот сјај.