Писонеро: На секој натпревар Вардар ќе игра на победа

За рекомпонираниот тим на македонскиот, регионалниот и европскиот  машки ракометен првак Вардар, заврши подготвителниот период. Од утре за „црвено-црните“ под палката на новиот шпански стартег Давид Писонеро почнува новата сезона и тоа со натпреварите во регионалната СЕХА лигата. Вардар го пречекува дебитантот во ова натпреварување Пекинг Спорт. Натпреварот се игра во вторник, од 20:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
-Задоволен сум што почнува сезоната. Вардар ќе игра на победа на секој натпревар без разлика кој е противникот. Не сум задоволен од она што го видов на Супер Глоуб, бидејќи сакам да победуваме. Сепак и овој турнир го сметам за подготвителен, а сега почнуваат официјалните мечеви. Ќе имаме добра претстава на што треба да работиме за да играме како што поскауваме. Натпреварите од Лигата на шампионите ќе бидат позначајни, но ние нема да ги потценуваме ниту другите обврски – вели Писонеро.
Во пресрет на првиот натпревар од СЕХА-лигата пред новинарите се појави и Данил Шишкарев.
-Подготвени сме за новите обврски. Со нетрпение чекаме да почнеме со натпреварите. Не го знаеме противникот, но нивното вклучување во лигата е добра вест за самото натпреварување, бидејќи СЕХА-лигата ќе се следи и во Кина. Се шири популарноста на ракометот. Иако си заминаа повеќе ракометари повторно ќе бидеме на високо ниво. Ја имаме истат одбрана како лани, а тоа е многу важно – вели Шишкарев.
Треба да знаете
Последни објави