Познатиот холивудски актер Кевин Харт (40), доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Комичарот и актер се здобил со сериозни повреди во несреќата што се случила во недела, на 1 септември, рано наутро во Малибу Хилс, Калифорнија.
Кевин се здобил со сериозни повреди на грбот откако автомобилот во кој се наоѓал излетал од автопатот, ја пробил оградата и слетал во ров. Харт не бил на седиштето на возачот, но тој и неговиот возач Џаред Блек се здобиле со сериозни повреди, додека третото лице во автомобилот – жена, поминала без повреди, пренесува ТМС.
Во полицискиот извештај се наведува дека Кевин го напуштил местото на несреќата за да добие медицинска помош, а полицијата утврдила дека никој од присутните во возилото не бил под дејство на алкохол.
Харт доживеал несреќа во својот скап автомобил „плимонт баракида“, кој си го купил како подарок за 40-тиот роденден пред два месеци. Пред несреќата, Кевин на својот инстаграм-профил објави видео на кое ги проверува гумите на неговиот автомобил.