Илјадници шкотски тинејџери беа лишени од легендарна криенка планирана во продавница на ИКЕА откако полицијата интервенираше за го спречи настанот, пренесува РТ.
Околу 3.000 луѓе се регистрирале на „Фејсбук“ за учество во маратонска криенка во продавницата на ИКЕА во Глазгов. Закажана за саботата, криенката беше осуетена откако вработените во шведската продавница слушнале за неодобрениот настан.
Од ИКЕА мобилизирале дополнително обезбедување и го предупредиле полицискиот оддел во Глазгов, кој испратил петмина полицајци на местото на настанот, па така попладнето безброј тинејџери кои се надевале дека ќе ја поминат саботната вечер скриени меѓу немонтираниот мебел, сурово биле оддалечени од продавницата.
Вестите за криенката брзо се рашириле на социјалните мрежи, обесхрабрувајќи многумина потенцијални учесници да се појават во продавницата за мебел. Полицијата, наводно, ја чувала продавницата сè до нејзиното затворање во 20 часот.