Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва се сомнева дека западните земји се мешаат во работењето на интернет-сервисот на руската влада.
Тој ова им го кажа на студентите на Московскиот институт за меѓународни односи и на Руската дипломатска академија на МНР, а по повод новата учебна година, пренесува ТАСС.
Лавров истакна дека проблемот со меѓународната сајбер безбедност стана поакутен во последниве години, поради обидот да се обвини Русија дека ги хакирала американските интернет-сервиси за време на претседателската кампања.
„Ниту една обвинување не е потврдено со докази. Сепак, овој мит продолжува да кружи во САД и во западните медиуми, како и да се појавува во говори на некои западни политичари. Исто така, имаме добра причина да се сомневаме дека западните сили покажуваат зголемен интерес за нашите интернет-сервиси“, рече Лавров.