„ФИС ролер ски куп“ ќе го пренасочи сообраќајот по Илинденска

Од утре до четврток, (3, 4 и 5 септември) од 09 до 11.30 часот, во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, град Скопје и општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“.

Трасата на движење ќе биде од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.

Од тие причини, во наведениот период, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Треба да знаете
Последни објави