Иван Анушиќ, шеф на изборниот штаб на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, изјави денеска дека претседателските избори во Хрватска веројатно ќе се одржат во втората половина на декември и поради тоа нема причина да брзаат и дека кампањата ќе започне во септември.
Динамиката на кампањата, додаде тој, ќе ја работат претседателот и нејзиниот тим, а не другите кандидати за претседател.
– Се ќе биде готово во септември и ќе започнеме да функционираме на некој начин, изјави Анушиќ.
Тој рече дека претседателката има голем број државнички работи, а нејзините против-кандидати се единствените што ја извлекуваат со отворање на темата за избори и кампањи.
– Ниту имаат функција, ниту работат, и во овој момент претседателката има многу повеќе приоритетни работи што треба да се направат, рече тој.
Премиерот Андреј Пленовиќ, кој истовремено е и лидер на ХДЗ, е вклучен во се што прави изборниот штаб, додаде Анушиќ.