Кошаркарската репрезентација на Аргентина ја совладаа најдобрата африканска селекција Нигерија со 94:81 и се најде на првото место на табелата во групата Б, каде со Русија се главни кандидати за позициите кои ќе водат во следната фаза.
Во натпреварот кој беше прогласен за дерби на третиот ден од Светското првенство кое се одржува во Кина, „гаучосите“ предовдени од Луис Скола го скршија отпорот на противникот. Скола го заврши мечот со 23 поени со кои се проби на второто место на вечната листата на најдобри стрелци на светските првенства. Искусниот 39-годишен кошаркар Скола ги престигна 594 поени на Ендру Газ и сега е зад лидерот Оскар Шмит кој ја заврши легендарната кариера со 906 поени на мундијалите.