Поранешниот комесар во министерството за внатрешни работи на Среднобосанскиот кантон (СБК), Драго Вукоја, е приведен во полицискиот оддел Кисељак poradi напад врз министерот за внатрешни работи на СБК, Феликс Видовиќ.
Како што пренесоа локалните медиуму, Вукоја со секира го оштетил автомобилот на Видовиќ, а потоа употребил оружје.
„Вчера во 20.10 часот, во полициската станица Крешево е добиена пријава дека е оштетено службено возило на министерството за внатрешни работи на СБК во градот Троска. На местото на настанот излегоа полициски службеници, кои ги потврдија наводите од пријавата и открија дека Д.В. (61) од Крешево го оштетил споменатото возило со употреба на секира, а потоа испукал еден куршум од пиштол од дворот на неговата куќа“, се наведува во соопштението на МВР на СБК.