Денеска (19 ч.) со натпреаврот Војводина – Нексе стартува деветтото издание на регионалната ракометна СЕХА-лига, во која македонскиот и европски првак Вардар ќе ја брани титулата. Сезонава за првпат СЕХА лигата ќе се игра во две групи.
Вардар кој досега петпати го им освоено пехарот во регионалното натпреварување во групата А за противници ќе ги има Нексе, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Пекинг Спорт Универзитет. Во групата Б, ќе се најде вториот македонски претставник, дебитантот во ова натпреварување битолски Еурофарм Работник каде за ривали ќе ги има ППД Загреб, Веспрем, Металопластика, Мешков Брест и Спартак Москва.
По двокружниот лигашки дел во двете групи кој треба да заврши до 14/15 декември, најдобропласираните во пролетниот дел ќе финишираат со плејофот за Ф4 турнирот, кој пак е закажан од 3 до 5 април.
СЕХА ЛИГА, ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО
ГРУПА А
Војводина – Нексе денеска, 19:00ч.
ВАРДАР – Пекинг 03.09.2019
Татран П. – Мотор З. 04.09.2019
ГРУПА Б
Мешков Брест – Веспрем 03.09.2019
Металопластика – ППД Загреб 03.09.2019
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – Спартак М. 04.09.2019