Ураганот Дориан, кој денеска продолжи да предизвикува штета на Бахамите, ослабе и се врати на четврта категорија.
Националниот центар за урагани во Мајами, соопшти дека максималните налети на ветрот изнесуваат 250 километри на час, што е за еден степен намалување од петтата категорија која ги опфаќа исклучително опасните урагани.
Се очекува невремето да продолжи да ги пустоши Бахамите во текот на денот.
Американскиот Национален центар за урагани наведе дека ова е најсилниот ураган што досега ги погодил Бахамите.
Жителите сѐ уште се засолнети и без електрична енергија, а американските медиуми јавија дека ураганот причинил огромна штета во некои делови од Бахамите каде што се уништени куќи и поплавени се цели населби.