Поранешната прва дама на Гватемала, Сандра Торес, која изгуби на претседателските избори, уапсена е под обвинение за финансиски малверзации во текот на кампањата.
Торес беше омажена за поранешниот претседател на Гватемала, Алваро Колома, кој беше на функција од 2008 до 2012 година. Торес подоцна се разведе од него.
Таа минатиот месец изгуби на изборите од Алехандро Џиамати.
Претходно и партијата на Торес, Единство за надеж беше обвинета дека неправилно ги регистрирала донациите и оти поединечни јавни средства се префрлани на сметката на Торес за нејзината претседателска кампања.