Во Ираклион беа уапсени 34 лица поради поседување лажни патни исправи со кои имале намера да патуваат во странство.
Дваесет мажи и 14 жени на возраст меѓу 18 и 47 години беа уапсени на меѓународниот аеродром „Никос Казанѕакис“ во Ираклион помеѓу 26 и 31 август бидејќи поседувале лажни патни исправи, јавува АНА.
Тие имале документи издадени во Италија, Шпанија, Франција, Бугарија, Чешка, Полска, Унгарија, Јапонија, Белгија, Романија, Конго, Шведска, Мексико, Бразил и во Австралија и имале намера да патуваат во Германија, Белгија, Италија, Чешка и во Холандија.
Лажните документи им биле одземени, а осомничените биле испратени до обвинителот во Ираклион.