На 02.09.2019 во СВР Скопје бил приведен Р.И.(28) од Скопје поради тоа што на 01.09.2019 околу 22.30 часот во с.Студеничани со патничко возило „голф 2“, со ретровизорот удрил малолетничка што се движела по улицата и го напуштил местото. Настанот го пријавил С.И.(47) од Скопје, татко на малолетничката. По целосно документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.