Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се фотографираше пред карта на која е прикажано дека скоро половина од Егејското Море и областа крај источниот брег на Крит и припаѓаат на Турција.
На фотографијата се гледа како Ердоган се потпишува во книгата за впечатоци на Универзитетот за национална одбрана во Истанбул, пренесува грчки „Катимерини“.
Како што наведува весникот, картата зад туркиот претседател покажува како турските водни граници се протегаат преку грчките острови на исток и југо-исток во Егејското Море, дури до Халкидики, а на неа пишува „Турција – сината татковина“, со што се иницира дека таа област од 462.000 квадратни километри припаѓа на Турција.