Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата и на другата страна на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-Пазар во општина Чаир. Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок.
Булеварот Крсте Мисирков за 15 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 1.350 метри во двете насоки, на потегот од крстосница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар.
Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници. Во наредните денови се очекува завршување на реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин.