Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ја отфрли можноста за нови преговори на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), а ги пофали Русија и Кина за нивните напори насочени кон зачувување на договорот, пренесува „Спутник“.
„Не станува збор за преговарање за ЈЦПОА бидејќи, како сите знаеме, невозможно е да се отвори оваа Пандорина кутија и повторно да се затвори“, рече Зариф на разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Москва.
„Природата на нашите односи со Русија и Кина е поинаква од нашите односи со другите потписнички на ЈЦПОА затоа што веруваме оти Иран, Русија и Кина никогаш не престанале да соработуваат. Русија и Кина ги сметаме за партнери што држеа силни позиции и кои придонесуваат за континуиран опстанок на ЈЦПОА“, додаде Зариф.
Иранскиот шеф на дипломатија изрази жалење поради тоа што европските потписнички не ги преземаат неопходните активности за исполнување на своите обврски од договорот.
„Затоа моравме да ги продолжиме разговорите со нив за да се увериме дека Европејците ќе може да ги спроведат своите обврски според ЈЦПОА“, истакна Зариф.