Иранскиот танкер за нафта „Адријан Дарја 1“ запрел 45 наутички милји западно од Триполи во северен Либан кога викендов кружеше низ Средоземното Море, тврди веб-страницата за следење на бродовите, MarineTraffic.com.
Според страницата, Системот за автоматска идентификација на бродот не ја покажува неговата дестинација откако неговиот екипаж претходно наведе пристаништа во Грција и Турција.
Истата веб-страница претходно објави дека танкерот пловел кон турскиот град Искендерун, но турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, тврдеше дека танкерот е на пат кон Либан. Либанските власти, пак, ги негираа овие тврдења.
Друга веб-страница за следење бродови, TankerTrackers.com, тврди дека „Адријан Дарја 1“ е во близина на брегот на Сирија од неделата твитувајќи дека во водите на Сирија мора да има претовар брод до брод за да може танкерот да исплови назад кон Иран преку Суецкиот Канал“.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во петокот тврдеше дека иранскиот танкер се движи кон Сирија.
„Имаме доверливи информации дека танкерот плови кон Тартус, Сирија. Се надевам дека ќе го промени курсот“, рече тој.