Иран првпат призна дека експлозија на ракета се случила во вселенскиот центар „Имам Хомеини”, додека ирански службеник изјави дека експлозијата е причинета поради техничка грешка.
Портпаролот на иранската Влада Али Рабиеи во изјава што ја пренесе иранската државна телевизија рече дека немало жртви во експлозијата и не се пронајдени знаци на саботажа.
Сателитските фотографии покажаа дека ракета експлодирала во четвртокот во вселенскиот центар Имам Хомеини што се наоѓа на околу 240 километри југоисточно од иранскиот главен град Техеран.