Настаните од Хонг Конг „целосно го надминаа обемот на слободата на демонстрирање” и прераснуваат во „екстремно насилство”, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА.
-Неодамнешните демонстрации имаа за цел да го оспорат владеењето на правото и социјалните права во Хонг Конг, заканувајќи се врз безбедноста на граѓаните и сериозно го оспорија принципот „една држава, два система” , изјави портпаролот Генг Шуанг.
Тој додаде дека Пекинг ја поддржува лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, во нејзините напори да управува со градот според законот и ја поддржува градската полиција во напорите да го врати редот, јави ДПА.