Корбин: Лабуристите сакаат да го спречат Брегзит без договор

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави денеска дека сака избори за да може неговата партија да го запре Брегзит без договор.

– Треба да се обединиме за да го запреме Брегзит без договор и оваа недела е нашата единствена шанса. А тогаш ни требаат општи избори, рече Корбин во Салфорд.

Според него, на овие избори лабуристите ќе преземат контрола и да го имаат последниот збор на јавно гласање со веродостојни опции од двете страни, вклучувајќи ја и опцијата Велика Британија да остане во ЕУ.

– Гласањето за недоверба е исто така на маса. Ако тоа е излез без договор, ние би гласале да останеме, и ако е во прашање друг договор, тогаш демократските процеси на нашата партија ќе одлучат каква позиција ќе заземеме, рече Корбин

Треба да знаете
Последни објави