Бизнисменот Силјан Мицевски, кој е на распит кај обинителката за организиран криминал и корупција која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска, рече дека по втор пат дава исказ за овој случај. Тој во изјава за медиумите рече дека парите ги уплатил на сметката на „Меѓународен сојуз“, чиј прв човек е сега притворениот Бојан Јовановски – Боки 13, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.
„Парите ги уплатив на „Меѓународен сојуз“, не на пензионерката”, рече Мицевски пред да влезе на распит и порача дека ќе ги бара парите назад.
Мицевски ќе треба да објасни кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и дали парите се уплатени кај пензионерката или кај „Сојузот“ на Боки 13.
Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал пред 10-дена. Претходно, изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од „Сојузот“ на Боки 13, но не кажа за кого станува збор.
Претходно, на распит кај обвинителката Русковска беше водителката Лила Филиповска.