Напад во училиште во Кина, повредени десетина ученици

Најмалку десет ученици се повредени во напад во едно основно училиште во централна Кина.

Нападот се случи во утринските часови на првиот ден од училишната година во градот Енши.

Сите повредени ученици се згрижени во болница.

Медиумите пренесуваат дека полицијата го уапсила осомничениот за нападот.

Мотивот се уште не е познат, а не се соопштуваат други детали за инцидентот.

Во јуни минатата година маж избоде две деца во основно училиште во Шангај.

Претходно, во април деветмина ученици беа убиени, а повеќе од десетина повредени во средно училиште за време на напад од страна на поранешен ученик кој се осветувал за малтретирање во училиштето.

Треба да знаете
Последни објави