Десетици луѓе се сметаат за загинати во пожарот на брод во близина на островот Санта Круз во Калифорнија, пренесува „Дејли експрес“.
Американската крајбрежна стража распореди повеќе екипи за да се справи со пожарот на бродот. Во нивното соопштение на Твитер се вели:
„Крајбрежната стража активираше повеќе екипи за спасување, заедно со екипи од локалните агенции, за да им помогне на повеќе од 30 лица кои се во неволја на бродот во близина на островот Санта Круз“.
Џен Бузингер Спери, известувач на „Гуд деј ЛА“, рече дека станува збор за инцидент со голем црн биланс. Таа рече: „34 жртви во пожарот во округот Вентура“.
Веб-страницата на КТЛА исто така извести за 34 жртви.
Се верува дека од бродот се спасени петмина, а 30 се сметаат за исчезнато. Пожарот се уште не е изгаснат.