Во текот на изминатата недела (26.08 – 01.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 120 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 71 возило се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 305 возила, поради нерегулирано паркирање, поточно, за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.