Пакистански министер вели дека Исламабад би можел да нуклеарно да нападне цели во Индија

По одредувањето на „веројатниот“ датум за активна војна, пакистанскиот министер за железници, Шеик Рашид Ахмед, сега ја предупреди Индија за нуклеарни напади на специфични области со мали атомски бомби, пренесува „Спутник“.

Тензиите меѓу соседите со нуклеарно вооружување, Индија и Пакистан, се засилија откако Њу Делхи им го одзеде посебниот статус на Џаму и Кашмир.

Министерот потврди дека дошло времето за конечна борба за слобода, и дека овојпат војната со Индија ќе биде последна.
Тој тврди дека Пакистан поседува нуклеарни бомби од 125-250 грама со кои може да ги погоди и уништи цели според желбите на неговата земја. Тој го предупреди и индискиот премиер Нарендра Моди да избегне војна.

„Дијалогот е можен ако Индија направи чекор кон решавање на прашањето за Кашмир според резолуциите на Обединетите нации. Ако му се наметне војна на Пакистан, Индија би била поделена на 22 дела“, додаде пакистанскиот министер.

Ахмед е познат по изнесените контроверзни забелешки и во минатото. Минатата недела тој предвиде дека војна со Индија може да избувне околу ноември.

Треба да знаете
Последни објави