На 02.09.2019 околу 12.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го привеле 50-годишниот А.А. од тетовска Голема Речица, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“ ( член 216 став 1 од Кривичниот законик). А.А. бил предаден во Казнено-поправната установа „Тетово“, за издржување на затворската казна.