Русија им предложи на членките на НАТО мораториум за распоредување ракети со среден и краток дострел, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред студентите на рускиот Универзитет за меѓународни односи.
Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин нагласил оти Русија нема да „поставува такви ракети со среден и краток дострел во регионите низ светот, каде нема да има системи од американско производство”.
– Ако САД се воздржат од распоредување ракети во Европа или Азија, ние нема да направиме ист таков чекор. Тоа е сериозен предлог. Во суштина мораториум, доброволен мораториум, кој веќе им го предложивме на членките на НАТО, предложивме колективно да се придружат кон него. Тие, засега не се согласија на тоа, додаде Лавров.