Сарачи победник на Меѓународен шаховски турнир во Тетово

Во Тетово се одржа вториот меморијален шаховски турнир „Махи Халили-Лала” во организација на шах клубот Анпсан. Победник е Ндерим Сарачи од Косово, втората позиција му припадна на Љубомир Данов од Бугарија, додека Македонецот Никола Николовски се пласираше на третото место.

– На турнирот Швајцарски систем, девет рунди со временска контрола рапид на 15 минути +5 секунди. Учествуваа вкупно 113 шахисти од пет земји, изјави Низамедин Имери, претседател на шаховскиот клуб Анпасан од Тетово.

Покрај на тројцата најдобри, парични награди имаше за првите 10 пласирани.

Треба да знаете
Последни објави