Силна експлозија одекна во Кабул, пришто се стресле вратите и прозорците и на куќи оддалечени до неколку километри.
По експлозијата, се слушнале и пукотници во близина на областа каде се сместени меѓународни организации, јави „Ројтерс“.
Голем облак од чад се издигнал над овој дел од градот кој, како што потсетува британската агенција, повеќе пати се најде на мета на бомбаши-самоубијци.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека експлозијата се слушнала во источниот дел на Кабул, каде што живеат странци и каде Обединетите нации имаат неколку канцеларии.
Локалните медиуми јавија дека експлодирал автомобил – бомба.
Засега никој не ја презеде одговорноста за оваа експлозија и нема извештај за повредени.
Експлозијата одекна за време на посетата на американски дипломат на Кабул, кој го информираше авганистанскиот претседател Ашраф Гани за нацрт-мировниот договор со талибанците, според кој илјадници американски војници треба да се повлечат од Авганистан.