Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека навистина води грижа за сите граѓани на Република Северна Македонија, посебно за најранливите. Покажа дека зборот важи.
Потврда за тоа се бројните мерки и реформи од кои придобивки имаат околу 300.000 граѓани, кон кои дирекно се враќаат парите, се намалува нееднаквоста и финансиска помош добиваат оние на кој им е најмногу потребна. Преку социјалната реформа, 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани веќе три месеци земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ако претходно за основните социјални трансфери се издвојуваа околу 100 милиони денари месечно , сега кај граѓаните се враќаат двојно повеќе. Вкупната исплата за Гарантираниот месечен приход и детски и образовен додаток за август изнесува околу 200 милиони денари.
За само три месеци, детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца што е за три пати повеќе, а образовниот 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно. До крајот на реформата околу 70.000 деца ќе примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.
Го враќаме достоинството на воспитувачите и на социјалните работници. 1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен. Историски највисоко покачување добиваат 3.138 негователи и воспитувачи во градинките кои сега земаат плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно. Дополнително зголемување од 5 отсто следува со септмвриската плата со што вкупниот пораст на платите во градинките ќе биде 21 отсто. Социјална пензија во висина од 6.000 денари добиваат оние граѓани кои немаат доволно стаж за редовна пензија. Првите над 200 уплати се веќе реализирани, а во тек се одобрувања на околу 4.000 пристигнати барања согласно новиот Закон за социјална сигурност на стари лица. Истовремено, бележиме раст и на минималната плата, која достигна 12.507 денари.
Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа. Решен е долгогодишниот проблем со стечајните работниви. Денес околу 11.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од околу 8.200 денари се до нинвото пензионирање. Како одговорна партија ветивме и се заложивме да се бориме против сиромаштијата, нееднаквоста во општеството и да спроведува политики со кои ќе ги враќа парите кај граѓаните.
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат достојни услови за живот за сите граѓани.