Соседна Србија стравува за здравствената состојба на патријахот на СПЦ Иринеј, кој е под лекарски надзор на ВМА во Белград. Во исчекување на официјални вести од лекарскиот тим кој се грижи за здравствената состојба на патријахот, со соопштение се огласи Министерството за одбрана на северниот сосед за да ја смири ситуацијата.
-Здравствената состојба на неговата светост, спрпскиот патријах Иринеј кој е на лекување во Воено-медицинската академија е стабилно. Закрепнувањето се одвива според очекувањата на лекарскиот конзилиум предовден од бригадниот генерал проф. др. Дарган Динчиќ, кој најавува набрзо патријахот да им се врати на своите редовни обврски“ се вели во соопштението.