Тони Блер предупредува на изборна замка

Британскиот премиер Борис Џонсон поставува „изборна замка“ за опозициската Лабуристичка партија која треба да се избегне, предупреди поранешниот премиер Тони Блер.

„Борис Џонсон знае дека ако не успее да постигне договор за брегзит, тој може да пропадне доколку не го поврзе со прашањето на Корбин за општите избори. Тој би можел да успее и покрај тоа што мнозинството е против брегзит без договор, бидејќи некои можеби повеќе се плашат од тоа Корбин да стане премиер“, рече Блер, пренесува „Ројтерс“.

Лабуристичкиот лидер Џереми Корбин треба да види дека изборите пред брегзит се само „замка за слонови“, рече Блер.

Треба да знаете
Последни објави