Десетици летови на холандскиот аеродром Шипхол се откажани или одложени денес поради штрајкот на копнениот персонал во КЛМ, холандската подружница на „Ер Франс-КЛМ“.
Штрајкот траел од 6 до 8 часот утрово, при што копнениот персонал барал нов колективен договор, зголемување на платите од осум проценти, како и повеќе вработени со полно работно време и подобри услови за работа.
КЛМ во четвртокот понудил покачување на платите од шест до седум проценти во текот на следните три години, но синдикатите го одбиле.