Љоренте пристигна во Наполи

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи на истекот од преодниот рок го засили нападот со искусниот Фернандо Љоренте од Тотенхем. Искусниот напаѓач пристигнува во четата на Карло Анчелоти, откако тимот од Неапол неуспеа да го доведе Мауро Икарди од Интер.

Шпанецот Љоренте летово ги заврши обврските кон Тотенхем и како слободен играч беше во потрага по нова средина. Со Наполи ги имаше договорено деталите од порано и на истекот од последниот ден за преселба на играчите одлучија да стават потпис на договор за отпочнување соработка.

Треба да знаете
Последни објави