По повод почетокот на учебната година, АЛТЕРНАТИВА на сите ученици им ја честита новата учебна година, со желба таа да биде успешна и плодна година. Особено им посакуваме успех на првачињата, кои за прв пат се среќаваат со училишните простории. Сепак, како и секоја учебна година, и овој пат не можеме а да не ја изразиме нашата огорченост што уште има училишта во кои наставата не се реализира на мајчиниот јазик на учениците и во кои недостасуваат основните и современите услови за квалитетно образование, а – за жал – и состојбата на наставниците е далеку од посакуваното.
Притоа, АЛТЕРНАТИВА изјавува дека го подржува штрајкот на наставниците и научните работници, како и нивните барања и, независно од нашата политичка позиција, сметаме дека едно општество и една држава која не се грижи за наставниците, со тоа потврдува дека нема чувство за својата иднина. Секако треба да се поздрави одлуката на Владата на Република Северна Македонија за покачување на нивните плати за 5%, но тоа е симболичко унапредување во споредба со нашите должности кон наставниците.
Образовните и научните работници ја заслужуваат највисоката почит во општество и треба да бидат рамноправни со нивните европски колеги и на таа тема не треба да има никаков компромис. Не може да има реформи во образование со наставници кои живеат во прагот на сиромаштијата.
Поаѓајќи од ова, а останувајќи на страната на образовните и научните работници, ние го подржуваме нивниот штрајк и воедно изјавуваме дека ќе бидеме адвокати на нивните легитимни барања пред Владата на С. Македонија.