Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер ќе ја спроведува политиката на САД бескомпромисно, па дури некогаш и брутално.
-Смешно ми е кога ќе слушнам дека велат оти Палмер е српски зет и ќе ни биде наклонет нам. Тој ќе ја спроведува политиката на САД. Силно, понекогаш и брутално. Нема да имаме никакви лесни задачи, изјавил Вучиќ за ТВ „Пинк“, додавајќи дека Палмер е способен, сериозен, одоворен и педантен човек.