Новата италијанска влада треба да се обиде да издејствува промена на буџетските правила на Европската Унија со цел да се избегне ризикот од рецесија на континентот, рече во понеделникот лидерот на Демократската партија од Долниот дом.
„Секогаш сме обезбедувале флексибилност (во примената на правилата), но сега мораме да ги измениме правилата за сите“, изјави за новинарите Грацијано Делрио пред состанокот на централно-левичарската партија во Рим.
Демократската партија преговара со движењето „Пет ѕвезди“ во врска со формирањето коалиција и владина програма.