Во Јапонија, во крајбрежниот град Таиџи, започна контроверзниот годишен лов на делфини, за време на кој овие животни се доведуваат до заливот, каде што некои се убиeни во плитка вода, а некои се избрани за продажба од страна на аквариуми.
Овој лов е широко критикуван со децении, а во центарот на вниманието на меѓународната јавност се најде кога беше опишан во документарецот „Заливот“, пренесува „Би-би-си“.
Невладината организација „Делфин проект“ соопшти дека денес се убиени пет делфини.
Дозволената квота е 1.700 животни кои можат да бидат фатени или убиени.
Бројни невладини организации велат дека фаќањето делфини е крајно сурово и дека делфините можат да издржат до 30 минути.
Се очекува сезоната на лов на делфини да трае околу шест месеци.