Училиштата повторно ги отворија вратите за учениците. За прв пат во училишните клупи седнуваат 390 првачиња во општина Ѓорче Петров. Денеска се одржаа свечени приредби за првачињата во пет основни училишта. Градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на првиот училишен час во ООУ ,,Тихомир Милошевски” во с.Ново Село кој им посака топло добредојде и многу успех на првачињата.
-Овој ден е посебен за првачињата. Иако сте возбудени, овој ден ќе го паметите цел живот. Тука ќе ви се случуваат најубавите работи.Тука ќе учите, ќе стекнувате знаење, тука ќе градите пријателства кои ќе би траат низ целиот живот, а ние заедно со родителите и наставниците ќе се погрижиме да имате безгрижно детство.
Морам да признаам дека јас а се надевам дека и сите родители секојдневно се изненадуваме од нашите деца, од нивните знаења, порака до наставниците е да ги откријат и сите нас да не направат горди.
Апелирам и до сите вработени да ги прифатат сите деца, без разлики и секое да се чувствува безбедно и прифатено во новата средина, истакна Наумоски честитајќи им го првиот училишен ден на првачињата.
Училштата продолжуваат со работа, а утре прием на првачиња ќе се изврши и во ООУ ,,Мирче Ацев” .