И Грција не им се плаши на САД

Ѕвездата на грчката кошаркарска репрезентација, Јанис Адетокунбо по првата победа на мундобаскетот во Кина против  Црна Гора во групата „Ф“ не крие дека не и се плашат на селекцијата на САД која настапува во „Е“ групата и можат да се соочат во втората фаза од натпреварувањето.

-За нашата репрезентација ништо не е невозможно. Ако пружиме максимум ќе успееме во нашите намери. Имаме одлични играчи по генерациската смена во репрезентацијата. Сега не размислуваме за можен натпреавр со САД, бидејќи следен противник ни е Бразил и се фокусираме на овој меч. Натпреаврот со Америка е далеку и ќе се подготвуваме кога ќе дојде на ред – вели Адетокунбо, НБА-ѕвездата на Грција.

Треба да знаете
Последни објави