Илјадници ученици и студенти во Хонг Конг ја бојкотираа наставата

Илјадници студенти и ученици од Хонг Конг ги бојкотираа денеска часовите и предавањата и се собраа протестирајќи во Хонг Конг.

„Напнатоста беше голема, а кога падна ноќта дојде до неколку мали судири“, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во густо населениот регион Монгкок на полуостровот Каулун.

Студентите на протестите побараа поголема демократија за оваа поранешна британска колонија, која е вратена на Кина во 1997 година, според формулата „една држава, два система“.

На првиот ден од школската година средношколците пееја, формираа човечки синџир, а дел од нив носеа капи и маски.

Кина ги обвинува западните земји дека ги охрабруваат протестите и наведува дека Хонг Конг е нејзино внатрешно прашање.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, ја повтори поддршката за лидерката на Хонг Конг, Кери Лем.

Треба да знаете
Последни објави