Портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи предупреди денеска дека Техеран „цврсто ќе отстапи” од нуклеарниот договор од 2015 година, кој е потпишан со светските сили, доколку Европа оваа недела не понуди нови услови.
Иран претходно го одреди петок како ден до кога Европа треба да му помогне на Техеран да ја продаде својата нафта на светскиот пазар, и покрај американските санкции.
Иран веќе ги премина ограничувањата на резерви на слабо збогатен ураниум, кој е дозволен со договорот од 2015 година. Меѓутоа, Техеран тврди дека лесно може да се направи пресврт.
Со договорот кој во 2015 година е потпишан со шесте големи сили – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, Техеран се согласи да ги ограничи активностите на збогатување ураниум, а за возврат да му се укинат меѓународните санкции. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од договорот и на Иран му воведе економски санкции.