Италија ја растури Ангола

Италијанската кошаркарска репрезентација ја растури Ангола (92:61) за втора победа во групата на Светското првенство во Кина. Италија уште по првата четвртина најави дека е на пат да обезбеди убедлив триумф (25-11), а на полувреме замина со предност од 44-21.

Во вториот дел Ангола заигра поорганизирано, но тоа не беше доволно за да ја запре Италија.  Најдобар во италијанскиот состав беше Марко Белинели со 17 постигнати поени, додека кај Ангола најефикасен беше Јаник Мореира со 15 поени.

Треба да знаете
Последни објави