Водителката Лила Филиповска,утрово дојде во ОЈОда сведочипред шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска. Лила му правела друштво на пријателот Боки 13, кога на 15 јули сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.
Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица при обид да ја напушти државата, со торба евра. Со него биле Филиповска и вработена во телевизијата на Јовановски 1ТВ.
Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева. Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.