На аеродром во Сингапур уапсен маж зошто сакал да ја испрати сопругата на пат

Дваесетиседумгодишен маж сакал да биде романтичен на аеродром во Сингапур, а сега го чека казна затвор од две години. Полицијата соопшти дека тој имал билет што му овозможил влез во транзитната зона на аеродромот, но немал намера да ја напушта државата, туку само да се поздрави со сопругата.

Според законот, секој кој со билет за качување во авион го пројде обезбедувањето и влезе во транзитната зона, мора да биде таму само ако има намера да патува.

„Полицијата сака да ги потсети сите патници дека транзитната зона на аеродромот е под обезбедување. Патниците кои пристапуваат на овој дел од аеродромот би требало да бидат таму само ако планираат да одат на друга дестинација“ се наведува во полициското соопштение.

Ова не е прв ваков случај во Сингапур. Од јануари 2019 година на овој аеродром уапсени се 33 лица поради злоупотреба на билети за патување.

За овој вид на прекршок судот може да додели казна до 20.000 долари, две години затвор, а некогаш патниците можат да бидат казнети парично и со затвор.

Причините поради кои луѓето купуваат билети за авион и покрај тоа што не планираат да патуваат се различни, некои сакаат да купуваа во продавниците на аеродромот, а имало и примери каде обожавателки се обидуваат да дојдат до членови на омилен бенд.

Треба да знаете
Последни објави