Од денеска крај за capital controls, граѓаните и бизнисите повторно имаат целосна слобода во управувањето со нивните пари, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален Твитер профил, откако минатата седмица, од Парламентот, најави нивно укинување, по четири години, односно по 50 месеци, одлука која од денеска стапува на сила jави дописничката на МИА од Атина
-Денеска, по четири години, capital controls се веќе минато и Грција одново добива една од четирите основни слободи на ЕУ -слободно движење на капиталот. Отстранувањето на контролата на капиталот е неопходен услов за привлекување инвестиции и развој, напиша Мицотакис на Твитер.
Грчкиот премиер минатата седмица, од Парламентот рече дека станува збор за нивна заложба која ја исполнуваат пред рокот што го имале поставено и „во соработка со Банката на Грција целосно го враќаат во нормала движењето на капиталот”.