Помпео на средби со новоназначените лидери на ЕУ-институциите

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вечерва доаѓа во работна посета на Брисел.

Помпео ќе се сретне со новоназначените лидери на институциите на ЕУ, објави Европската комисија.

Американскиот државен секретар вечерва ќе има воведен состанок со новоназначената шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ова е прва можност за лично запознавање и размена на мислења“, изјави портпаролката на Комисијата, Мина Андреева.

Европската комисија наведува дека посетата на американскиот државен секретар е планирана како посета за средба со новоназначените лидери на институциите на ЕУ и дека како таква ќе се одвива без изјави за медиуми и соопштенија.

Треба да знаете
Последни објави